Македонија
Languages

Languages

Кариера во РСМ Македонија

РСМ Македонија е секогаш во потрага по талентирани, ентузијастични и високо квалификувани кадри за во некој од нашите сектори - ревизија, сметководство и пресметка на плати. 

Некои вработени почнуваат како практиканти. Другите се придружуваат во нашиот тим со стекнато професионално искуство.

Што имаат заедничко сите? Тие имаат уникатни перспективи, страст за својата професија и посветеност на успехот на нашите клиенти.

Дали сте подготвени да ги искористите своите вештини и талент за да направите разлика? Ние регрутираме луѓе кои ќе влијаат на РСМ, а потоа ќе продолжиме да им помагаме во нивниот професионален раст преку тренинг, развој и фокусирање на нивните индивидуални аспирации за кариера. Откријте што РСМ може да ви понуди.

Активните огласи можете да ги погледнете на https://www.rsm.global/macedonia/mk/job-posts, а доколку нема активен оглас, можете да ни пратите ваше CV на hr@rsmmk.mk.